Тиква што е тиква па не јаде!!! (ВИДЕО)

Ако не сте пробале досега, сега е вистинското време да пробате сѐ од тиква. А дека е тиквата една од најпрекрасните намирници доволно зборува и она што често можете да го слушнете од повозрасните додека се чудат кога некој одбива да проба тиква: „Тиква што е тиква, па не јаде!!!

0
780

Како симбол на есента тиквата е присутна во различни варијанти, па токму сега е времето кога мора максимално да ја користиме. Тиквата е еден од зеленчуците кои се присутни во Македонија, а најпопуларна е токму овој месец како дел од есенската исхрана. Богата е со железо, бакар и флуор, а содржи и калиум, калциум, манган, цинк кобалт, силициум. Богата е со пектини, шеќери, витамини С, Е, витамини од групата В, каротин.

И за да не останеме само на вообичаените начини на консумирање на тиква, печена или пак варена со цимет и шеќер, имаме неколку поинтересни предлози.

Mинатата година крафт пиварата „Темов“ го направи првото македонско пиво со тиква, а како сезонска понуда истото може да се најде таму токму сега, во текот на октомври.

Станува збор за светло пиво од тиква со килибарна боја и 4,8% алкохол.

Не содржи вештачки бои, ароми и конзерванси, а можете да го добиете и во комбинација со нешто од менито кое се нуди во рамките на Октоберфест во Пивница.

Но додека пивото од тиква е нешто што не може секој да си го направи дома, еве уште неколку идеи.

Салата со тиква по рецептот на шеф Маре Јаневска, Киш со тиква , се разбира, есенска пита со тиква и уште многу други превкусни рецепти со тиква кои можете да ги погледнете во видеото.

Ако сте голем љубител на тиква и често правите различни рецепти и комбинации со тиква тогаш потрудете се секогаш да имате на располагање одредено количество на тиква кое ќе можете да го употребите веднаш.

Испечете ја тиквата во рерна, а кога ќе се олади, излупете ја и со помош на миксер направете пире. Поделете го во мали кутии, затворете ги со капачиња и замрзнете ги. Секогаш кога ќе посакате да го почувствувате вкусот на тиква во различни рецепти за супи, њоки, варива, колачи, извадете од замрзнувачот и направете си го саканото јадење.