Тиквички „похувани“ во рерна

Не се веќе пет денари, но ги сакаме секогаш и во секое време. Особено се добри кога се како похувани, ама не и мрсни

0
269

Ако сте љубител на тиквички без оглед на сезоната, не му се мислете – тиквички се уште има.

Ако ги сакате похувани, ама не и мрсни, ова е идеалниот начин да ги приготвите.

Изматете едно јајце и ставете во него сол, црн пипер и зачини по ваш вкус, натопете ги тркалцата од тиквички, а потоа извалкајте ги во сусам помешан со презли или само во едното или другото, наредете ги врз хартија за печење и ставете ги во рерна.

Толку!