Торта од грав!

0
459

Состојки:

За пандишпанот:

210 г грав

4 жолчки

210 г шеќер

70 г мелени ореви

100 г топено чоколадо

4 белки

За филот:

2 пудинзи од ванила

½ л млеко

200 г шеќер

1 јајце

За глазурата:

200 г чоколадо

Малку путер

Малку млеко

Приготвување:

  1. Гравот се вари, се цеди и се пасира.
  2. Се матат жолчките и шеќерот, се додаваат мелени ореви, 100 грама стопено чоколадо и се додава пасираниот грав.
  3. Белките се матат во цврст снег и се додаваат на претходната смеса.
  4. Сето ова се пече во рерна на 250 степени, 15 минути, а потоа температурата се намалува на 150 степени и се пече уште час и половина.
  5. Испечениот и изладен пандишпан се сече на половина со конец.
  6. Филот се подготвува такашто се варат два пундинзи од ванила во половина литар млеко и се остава да се излади. Во друг сад се мати еден путер со 200 грама шеќер и едно јајце, а потоа се меша со изладениот пудинг. Целиот фил се става помеѓу двата дела на пандишпанот и тортата се става на кратко во замрзнувач.
  1. Глазурата се прави такашто 200 грама чоколадо со малку путер и малку млеко се топат на пареа и со растопената смеса се прелева изладената торта.