Торта од моркови со мармалад од малини

Иако на многу луѓе оваа кобинација им е се уште необична, оние што пробале, знаат.

0
441

Морковите му даваат на тестото сочност која не влијае на вкусот, односно, не го менува. А знаеме дека морковите се голем извoр на каротеноиди кои помагаат во заштита од болести на крвотокот, за регулирање на шеќерот во крвта и за подобрување на видот, такашто и ова се дополнителни причини зошто да ги употребиме и за правење торти и колачи.

Состојки:

3 средни моркови
3 јајца
100 кафеав шеќер
100 г брашно
1 лажица какао
1 лажичка прашак за пециво
1 лажичка цимет
½ лажичка ѓумбир
Прстофат ѓумбир
Прстофат сол
Џем од малини
За кремот:
200 г крем сирење
2 лажици путер
2 лажици мед
Екстракт од ванила

Приготвување:

Матете ги јајцата 3-4 минути па додадете и го шеќерот и матете уште 1-2 минути. Соединете ги сувите состојки па додадете ги јајцата и се добро измешајте.

Додадете ги ренданите моркови и ставете ја смесата во калапот за печење кој претходно сте го намрсиле или сте ставиле хартија за печење.

Печете 10-тина минути во претходно загреана рерна на 200 степени.

За кремот е потребно со помош на миксер да се соединат сите состојки.

Единствено внимавајте путерот да биде на собна температура за да не останат грутчиња.

На бисквитот намачкајте слој мармалад од малини (или било кој друг мармалад по ваш избор) и ставете слој крем од сирење.

На кремот ставете мали купчиња мармалад и раширете ги со помош на чепкалка за да го декорирате колачот.