Торта за почетници

Ако не сте многу вешти во правењето торти или пак немате многу време за да правите комплицирани торти, ова е вистинскиот избор за вас - се прави брзо и едноставно е невозможно да не ви се погоди

0
322

Состојки:

1 пакување бисквити

1 кг павлака

150 мл млеко

9 лажици шеќер

1 тегла компот од вишни (можете да употребите и свежo овошје во зависност од сезоната и по свој избор)

Приготвување:

  1. На рамна чинија или на послужавник свртен наопаку направете подлога од бисквитите кои на кратко претходно ги макате во млеко.
  2. Измешајте ги во еден сад павлаката и шеќерот и нанесете од смесата врз првиот ред бисквити. Одозгора ставете од вишните од компотот и дозволете да ви капнува и од течноста, тортата така ќе биде посочна.
  3. Направете уште два реда на истиот начин, а завршете со смесата од павлака и со вишни или, доколку имате, украсете ја со шлаг.
  4. Тортата е поубава доколку малку отстои, па не е лошо да ја направите од вечер и да ја оставите во фрижидерот.