Традиционален руски винегрет

Руската традиционална салата позната под називот „Винегрет“ е вкусна, евтина и здрава храна, салата за сечиј џеб.

0
133

Рецептите за „Винегрет“ се различни, а состојките можат да се менуваат според вашиот вкус, но, цвеклото, морковот, компирот, сокот од лимон (или оцетот) и растителното масло се главните состојки. Ние ви предлагаме еден од најпознатите традиционални рецепти за „Винегрет“.

Состојки:

300 г цвекло

150 г моркови

компир

150 г кисели краставички

200 г конзервиран или замрзнат грашок

1 главица црвен кромид

1 јаболко

4-5 лажички сок од лимон или оцет

Сол, црн пипер имасло по желба

Приготвување:

Сварете ги цвеклото, компирите и морковите, без да ги лупите. Оладете ги, излупете ги и исечете ги на коцки. Исечете ги на коцки и киселите краставички и јаболкото.

Ако решите да употребите замрзнат грашок, ставете го во врела вода и варете го 2-3 минути.

Исечете го кромидот. Измешајте ги сите состојки и додадете ги сокот од лимон (или оцетот), солта и растителното масло и потоа добро промешајте.По желба додадете и ким.

Ако имате и домашна пита со зелка и чаша црвено вино, веројатно оброкот долго ќе трае.