Трафлс со темно чоколадо, урда и босилек

Уште еден рецепт во серијата празнични кекси и колачи кои се подготвуваат ширум светот за Новогодишните и Божикните празници

0
576

Станува збор за малку необична комбинација, барем на прв поглед. Но кремавата, се разбира, несолена урда која кај нас лесно се наоѓа, им дава неверојатен вкус на овие празнични колачи. Урдата може да се замени и со италијанска рикота, но доволно добра, можеби и подобра за колачи е нашата свежа несолена кравја или овча урда
Босилекот е тука заради дополнителна арома.

Состојки:

3 лажици урда (овча)
1 дл слатка павлака
1 китка свеж босилек
1 лажица мед
150 г црно чоколадо (50 – 60 % какао)
Какао за валкање

Приготвување:

Загрејте ја слатката павлака до вриење, па потоа додадете го босилекот. Тргнете од оган и оставете го 10 минути за да ја пушти босилекот аромата.

Извадете го босилекот од павлаката па повторно загрејте ја, но овојпат на пареа.

Додадете го чоколадото и мешајте на пареа додека чоколадото не се стопи. Потоа додадете ги урдата и медот и добро измешајте. Оставете ја смесата во фрижидер неколку часа.

Обликувајте бомбици и извалкајте ги во какао. Чувајте ги во фрижидер.

Совет плус: Овој крем можете да го искористите и како крем за торта, но во тој случај ставете повеќе урда за полесно да се размачкува.