Три намирници кои ефикасно ги симнуваат отровите од овошјето и зеленчукот

Помеѓу зеленчукот кој содржи најмногу пестициди се спанаќот, целерот, доматите и пиперките, а помеѓу овошјето кое треба добро да се исчисти пред јадење се јаболката и грозјето.

0
682

Ако немате среќа да одгледувате свој зеленчук и да бидете сигурни дека не содржи пестициди и други отрови кои му штетат на здравјето, потребно е добро да го измиете, најдобро, да го измиете со четкичка под млаз вода.

Но тоа не е доволно за да можете безгрижно да ја јадете кората. Помеѓу зеленчукот кој содржи најмногу пестициди се спанаќот, целерот, доматите и пиперките, а зелката, кромидот и модрите патлиџани се на дното од листата кога станува збор за штетност.

Јагодите, нектарините, јаболката, праските, црешите и грозјето по тој редослед содржат штетни материи. За среќа, некои намирници кои ги имаме дома, можат да измијат добар дел од тие отрови. Содата бикарбона, солта и лимонот се најделотворни во тоа.

Во поголем лонец ставете млака вода и додадете две лажички сол па кога ќе се стопи, ставете ги во тенџерето намирниците, потопете ги и оставете ги внатре 15 минути. Овој метод е идеален за зелениот лиснат зеленук како блитвата, спанаќот и зелката, брокулата и карфиолот, а не и за печурките.

За ефикасно отстранување на пестицидите и хербицидите корисна е комбинацијата од лимон, оцет и сода бикарбона. Состојките мижете да ги измешате и да ги ставите во спреј со распрснувач па исплакнете ги после десетина минути.

Ако јаболките и цитрусите се премачкани со восок за да им се продолжи рокот на траење, не е доволно испирањето. Кората треба да се излупи заради опасноста од микроогранизми кои се кријат под кората.

Фото: Pixabay