Три типови корнети, кој да го изберете?

Не можете да направите погрешен избор, најважно е да има добар вкус, нели?

0
957

Сите видови корнети се направени од овесно брашно како база, тапиока брашно (скроб) и шеќер. А сепак, постојат три главни типови кoрнети.

Обичен корнет

Главната разлика помеѓу овој корнет и останатите два типа е во количеството на шеќер. Овој тип има помалку од 5 отсто шеќер, додека пак останатите корнети содржат и до 30 отсто шеќер. Обичните корнети често имаат рамно дно, па можете да ги оставите на маса ако сакате, а нема ниту да ви се направи мало дупче на дното и да ви истече сладоледот, како кај останатите корнети. Па така, овој корнeт е идеален ако правите помек тип на сладолед.

sugar

Шеќерен корнет

Шеќерните корнети се покрцкави и поблаги од обичните корнети и имаат форма на конус. Доколку сакате да уживате во дегустирањето и на самиот корнет, тогаш шеќерниот корнет е добар избор бидејќи подолго време останува свеж и не се распаѓа. Ова е всушност типичниот корнет кој ви паѓа на памет кога ќе помислите на сладолед.

wafffel
Вафла корнет

Ова е „кадилакот“ на корнетите. Вафла корнетите се како шеќерните, со таа разлика што се поголеми и помеки, бидејќи се прават во специјална преса. Овие корнети се користат и во мали слаткариници, како и во големи познати брендови на сладолед. За да јадете од вафла корнетите, потребна ви е и лажичка за сладоледот. Можете да сретнете повеќе варијанти на овие корнети, со различни додатоци, како прелив од чоколадо, јаткасти плодови и така натаму.

Кој треба да го одбрете?

Се се сведува на лична преференца. Искрено, не можете да направите погрешен избор, најважно е да има добар вкус, нели?