Три видови овошје кои можете да ги подготвите како кисела туршија

Дали знаете дека можете да правите кисела туршија и со овошје? Купете ги овие плодови во свеж облик, закиселете ги и јадете ги во текот на цела есен.

0
624

Кисели боровници

Тие се извонредна комбинација за сите јадења со кои доминира сирење, без оглед дали станува збор за грил сендвичи или за некои добри сосови.

Состојки:

500 г свежи боровници
200 мл бел оцет
70 г шеќер

1 стапче цимет
2 лажички сол
2 лажички црн пипер во зрно

Приготвување:

Во тенџере загрејте оцет, шеќер, сол и црн пипер, Боровинките измијте ги и исушете ги па ставете ги во стерилизирани тегли.
Прелијте ги со загреаната смеса со оцет, затворете ги и оставете ги да се оладат. Вака подготвени чувајте ги во фрижидер барем три дена пред да почнете да ги консумирате.

Кисел ананас

Ананасот е ароматчен и добро оди со салати и сендвичи врз база на шунка. Еве како можете да го подготвите закиселениот ананас.

Состојки: 

½ свеж ананас
300 мл оризов оцет
1 лажица шеќер
1 луто пиперче
½ лажичка сол
2 лимети
50 г свеж кориандер

Приготвување:

1. Исцедете го сокот од лимета, помешајте го со шеќерот, солта, исечканото чили пиперче и оцетот. Варете додека шеќерот не се растопи, па оставете течноста да се излади на собна температура.
2. Исечкајте го кориандерот ситно, а свежиот ананас исчистете го и исечете го на тркалезни кришки. Ставете ги во стерилизирана тегла, одозгора налејте од подготвената течност и затворете ги.
3. Ставете ги да отстојат во фрижидер барем еден ден пред консумирање.

Кисели круши

Тие се одличен меѓуоброк, додаток за салати или во комбинација со сино сирење.

Состојки:

1 кг тврди круши
1 лимон
4 кришки ѓумбир
300 г шеќер
2 лажички сол
200 мл бел оцет
2 лажици оризово вино

Приготвување:

1. Одберете помали и потврди круши. Измијте ги, излупете ги и исчистете ги па исечете ги на четвртини.
2. Ставете ги во „маринада“, односно во мешавина од сок од лимон, малку рендана кора од лимон, ѓумбир, сол, оцет и оризово вино.
3. Во друг сад загрејте вода и кога ќе зоврие префрлете ги во неа исцедените парчиња круши и оставете ги да се варат околу 6 минути, односно се додека не бидат доволно меки за да ги боцнете со вилушка, но и натаму да се тврди.
3. Исцедете ги крушите и префрлете ги во стерилизирани тегли. Прелијте ги со течноста која претходно минимално ќе ја загреете околу две минути на умерена температура така за да се стопи шеќерот.
4. Вака приготвените круши чувајте ги на собна температура еден ден пред да ги сместите во фрижидер. Можете да ги јадете после три дена, но најдобар вкус имаат после пет дена.
Имајте на ум дека можете да ги чувате во фрижидер околу 1 месец.