Три знаци дека страдате од недостаток на јод

Проблемот на недостаток на јод во повеќето развиени земји се решава со јодирање на солта, со што истовремено се спроведува и превенција на гушавоста.  

0
734

За оптимална работа на штитната жлезда важни се цинкот, селенот и јодот. Јодот е минерал кој е потребен за производство на сите хормони на штитната жлезда.

Кога го проверуваме здравјето на штитната жлезда тогаш го мериме нивото на Т3 и Т4 хормони кои всушност укажуваат колку јод се вградил во хормоните на штитната жлезда. Јодот е неопходен и незаменлив за работата на штитната жлезда, а можеме да го најдеме во кујнската сол, морските плодови и во алгите. Освен јодот, важен за работата на штитната жлезда е и селенот. Селенот е клучен за работата на ензимот кој го зема хормонот Т4 и го претвара во активен облик Т3.

Лицата кои имаат недостаток на селен во организмот можат да чувствуваат симптоми на хипотиреоза односно последици од намалена работа на штитната жлезда наспроти тоа што вредностите на хормоните Т3 и Т4 се во рамките на нормала.

Бидејќи јодот ретко се наоѓа во тлото и во водата постои недостаток на јод во многу живи организми. Се проценува дека недостатокот на јод загрозува околу 2 милијарди луѓе во светот и е главна причина за појава на ментална ретардација.

Недостатокот на јод ја намалува интелигенцијата за 10-15 %. Од гушавост страдаат 700 милиони луѓе на светот.

Симптоми за недостаток на јод во организмот

Симптомите се појавуваат само кога недостатокот на јод е сериозен, што е ретко. Иако постои тест за недостаток на јод (анализа на урината), кој може да се побара од матичниот лекар или од ендокринолог, д-р Елизабет Пир, членка на Americas at Lodine Global Network, непрофитна и невладина организација која се бори против сузбивање на здравствените последици заради недостаток на јод, вели за Prevention.com дека тие тестови почесто се користат за испитување на големи популации за истражувањата на јавното здравство, а не за поединци.

„Од ден на ден, осцилациите на нивото на јод во организмот се големи, но исто така и од час во час, такашто на една личност ѝ е потребно да направи 10 или 12 тестови за да се утврди статусот“, вели Пирс и потенцира дека сепак постојат неколку сигнали на кои треба да се обрне внимание.

Гушавоста е еден од знаците, која настанува како последица од зголемувањето на штитната жлезда. Гушавоста не мора да биде видлива, понекогаш може да се забележи само на ултразвук. Гушавоста предизвикува чувство на гушење, потешкотии со дишењето или голтањето.

Хипотиреоза или намалена работа на штитната жлезда е исто така еден од знаците, а симптомите се замор, пораст на телесната тежина, губење на косата, сува коса, отечено лице, засипнатост, слабост на мускулите, депресија, губење на помнењето. Пациентите со хипотиреоза обично имаат два или повеќе симптоми, но пред да е поврзат со недостатокот на јод треба да се има на ум дека тие симптоми можат да бидат последица и од неколку други здравственисостојби или да настанат како последица од земањето одредени лекови.

Компликации во бременоста или проблеми со развојот на детето, недостатокот на јод е поврзан со неплодноста, со спонтаните абортуси, предвремено породување, раѓање на мртвородени деца.

Благиот до умерен недостаток на јод е исто така поврзан со поголем ризик.

Колку јод е доволно и кои се последиците, ако се претера со неговото внесување?

Проблемот на недостаток на јод во повеќето развиени земји се решава со јодирање на солта, со што истовремено се спроведува и превенција на гушавоста.  Станува збор за 20-30 милиграми јод на килограм сол и тоа само со постабилниот калиум јодат. Оваа одлука до сега не е менувана и стриктно се применува.

Јодот првенствено игра улога во работата на штитната жлезда. Во неа се наоѓаат 70 до 80 проценти јод, но тој е важен и за другите нешта како мозокот, кожата, желудникот, тимусот, панкреасот и церебралната спинална течност.

Недостатокот на јод во било кој од овие делови на телото доведува до негова дисфункција.

Дневната потреба на возрасен човек изнесува околу 150 микрограми, на деца околу 130, а на бремени се препорачуваат 300 микрограми јод. Најбогати намирници со јод се морските алги и плодови, помалку го има во зеленчукот и млечните производи, а кај нас го има во минералната вода богата со природно растворен јод.

Доколку установите дека на вашиот организам му недостасува јод, консумирајте храна богата со јод. Најмногу го има во морската риба, морските плодови, морковот, спанаќот, ротквата, грашокот, компирот, печурките, јагодите, бананите, зелката, кромидот, салатата и жолчката.

Исто така, јодот можете да го надоместите и преку кожата. Повремено добро е да ја намачкате кожата со тинктура од јод.

Недостаток на јод во организмот може да настане и поради промена на начинот на исхрана, првенствено избегнување на сол, леб и млеко, како и вегетаријанска или веганска исхрана.

Пушењето е исто така еден од факторите за ризик од развој на недостаток на јод, а посебно е опасно во периодот на доење на детето, затоа што хемикалиите од чадот на цигарата ја спречуваат активноста на ензимот потребен за внес на јодот во клетките.

За да се спречи недостатокот на јод, освен купување јодирана сол, треба да се консумираат квалитетни морски плодови, на пример, алгата спирулина е најдобар извор на јод но добар извор се и јогуртот, сушените печурки, школките, рибите..

Свежа риба на 200 грама би требало да содржи просечно околу 200 микрограми јод што е приближно до дневно препорачаните вредности.

Со една шолја јогурт внесуваме околу 90 микрограми јод, а со истата количина млеко околу 60 мг. Јајцата содржат јод, но не премногу. Солта сама по себе во умерени количини не е потребно сосема да се избегнува, затоа што на пример, при високи надворешни температури, како и телесна активност, преку потта се губи значајна количина натриум, а солта е извор на истиот минерал.

Суплементи

Јодот во облик на суплементи обично не се препорачува, освен на трудници, доилки или лица кои заради различни причини имаат ограничена исхрана како веганите, вегетаријанците, чувствителните на глутен и лактоза.

Други намирници кои содржат јод се млечните производи, јајцата, морските риби, школките, сојата, сусамот, лукот, блитвата, тиквичките, репата, спанаќот.

Важно е да се напомене дека зелјестите намирници како што се кељот, брокулата, карфиолот, содржат материи кои ги попречуваат метаболичките функции јод и работата на штитната жлезда.

Фото: Pixabey