Црно чоколадо, боровинки и чај од ѓумбир-лекови против диареја

0
1106

Доколку имате некаков вирус или инфекција која ви предизвикала диареја, пред се, мора да обрнете внимание на исхраната која треба да содржи намирници со што е можно помалку влакна и да консумирате течности. Особено треба да се избегнуваат млечните производи, маснотиите и шеќерот.

Тие денови во исхраната треба да форсирате двопек, крекери,, ориз, варено пилешко, јајца, како и немрсни бистри супи за да се избегна дехидрација на организмот. Корисно е да се пие и оризова вода.

Освен ова, супер варијанта е и црното чоколадо кое е одамна познато како природен лек против пролив. Но не претерувајте, доволно е да изедете 2-3 коцки.

Ренданото јаболко е исто така корисно во овие ситуации затоа што е богато со пектин, а најдобар избор е киселото јаболко. Пред да се конзумира ренданото јаболко треба да се остави да отстои околу 2 часа. Ќе потемни и нема да изгледа толку убаво, но токму такво е ефикасно против диареја.

И боровницата може да го запре проливот, а од чаевите најпопуларни за оваа намена се чајот од листови од капина, чај од дуња и чај од шипка.

Добро ќе ви дојде и чај од ѓумбир затоа што ѓумбирот има антибактериски својства. И на крајот, треба да се каже и дека маслото од диво оригано спаѓа во најмоќните природни средства со антисептичко дејство, па секако може да биде од голема полза за лекување на диарејата, особено ако причина за истата е труење со храна.