Турското кафе е добро за здравјето – го штити срцето, мозокот и дава енергија

Љубителите на кафе тврдат дека турското кафе ќе ве разбуди побрзо од било кој друг напиток, а според новите истражувања нуди и одредени придобивки за здравјето.

0
466

Кај нас таканареченото турско кафе е сѐ уште многу популарно, и иако постојат и други варијанти, се чини дека е тоа уште број 1 кога станува збор за утринско будење.
Бидејќи ова кафе е посилно од останатите, може да влијае на нашето здравје. Еве како:

Може да ги олесни физичките напори.
Кофеинот е природен стимулант кој може да ја подобри работата на мозокот и телото.

Турското кафе нуди концентрирана доза кофеин која добро ќе им дојде на спортистите.

Во резултатите на студијата која е спроведена над 20 спортисти стои дека оние кои пиеле кафе имале подобри резултати.

Бидејќи ова кафе при варењето не се филтрира, може да содржи повеќе корисни состојки од останатите. Зрната кафе содржат колагена киселина кој е вид на полифеноли – антиоксиданти кои го штитат здравјето на срцето.

Оваа киселина ги спречува воспалителните процеси, го одржува нивото на холестерол и крвниот притисок во нормала. Зрната кафе содржат и терпеноиди, соединенија кои спречуваат воспаленија и инфекции и го штитат здравјето на срцето.

Пиењето кафе може да го заштити мозокот од развој на одредени невролошки состојби, како на пример, Алцхајмеровата болест. На пример, преку 11 студии во кои учествувале 29.000 лица се покажало дека ризикот од развој на оваа болест се намалува за 27 отсто. Други студии покажале дека внесот на кофеин може да го намали ризикот од мозочен удар, Паркинсонова болест и деменција.
Се смета дека кафето штити од развој на одредени болести како дијабетес и болести на срцето: Со преглед на 18 студии научниците заклучиле дека секоја испиена шолја кафе во денот се поврзува со намален ризик од развој на дијабетес тип 2 за 7 отсто.

Друга студија покажала дека консумирањето кафе е поврзано со помал ризик од развој на депресија, рак на црниот дроб, ендометрија и цироза.

Фото: Pixabey