Уште еден вкусен и брз ручек

0
1537

Искористете ја понудата на печурки на пазарот и направете сочно рижото во кое ќе уживате со сите сетила.

Состојки:

300 г ориз

220 г шампињони

100 мл бело вино

1 л вода

100 г пармезан

4 парчиња сланина

1 црвен кромид

Сол и црн пипер по желба

Масло за динстање

 

Приготвување:

  1. Исчистете го кромидот, исечкајте го на парчиња и пропржете го на малку масло.
  2. Додадете му ги на кромидот парчињата сланина.

3. Додадете ги печурките и се заедно помешајте. Динстајте неколку минути.
4. Додадете го оризот, а по една минута и виното. Кога ќе испари, почнете да ја додавате и водата, со често мешање.
5. Пред крајот додадете го пармезанот и се заедно измешајте. Додадете сол и црн пипер.