Уште еден здрав поттик за црниот дроб

0
1119

Овој сок богат со вредни состојки кои ја поттикнуваат работата на црниот дроб ќе придонесат за елиминација на токсините и за чистење на организмот.

Црниот дроб е еден од најважните органи во телото затоа што игра важна улога во варењето на храната, за имунитетот, метаболизмот и складирањето на хранливите материи. Заради тоа е неопходно на својот црн дроб да му обезбедите здрав поттик. Што велите за еден природен сок кој ќе му годи на црниот дроб, но и на целиот организам?

Бидејќи ја поттикнува работата на црниот дроб, цвеклото е задолжително кога станува збор за детоксикација на телото, а придонесува и за нормализација на варењето.

Својата интензивна боја ја должи на збирот од црвени пигменти под називот бетацијанини, моќни антиоксиданси кои помагаат за заштита на клетките од оксидативен стрес и како превенција од дегенеративни болести. Покрај тоа содржи витамин Ц и витамини од Б групата, а посебно е богато со минерали како што се железото, калциумот, калиумот, фосфорот, магнезиумот, манганот и селенот.

Морковот исто така го прочистува организмот и делува противвоспалително. Одличен извор е на антиоксидансите каротеноиди, а бета-каротенот е заслужен за нејзината портокалова боја. Бидејќи е богат со калиум, витамини од Б групата, како и витамини А и Ц, повеќекратно е корисен за организмот – помага за заштита на организмот од болестите на крвотокот, придонесува за регулација на шеќерот во крвта и го штити здравјето на очите.

Состојки:

1 цвекло

2 моркови

3 стебленца целер

1 рака свеж коријандер или магдонос

Сок од пола лимон

1 парче ѓумбир

Приготвување:

Ставете ги сите состојки исечени на помали парчиња во соковник.

Ако немате соковник, ставете ги во блендер со малку вода, измешајте и исцедете ја смесата за да добиете сок.

Консумирајте секогаш свеж сок.

Фото: Pixabay