Уште една причина повеќе да јадете зеленчук

Зеленчукот како што се кељ, зелка и брокула го спречува развојот на рак на дебелото црево, покажала новата студија.

0
377

Истражувањето кое го спровел институтот Френсис Крик во Лондон покажало дека одредени хемикалии што ги содржи овој зеленчук го намалуваат воспалението во цревата и дебелото црево, штитејќи ги со тоа од рак на цревата.

Оваа студија ги истражувала предностите од консумирањето на намирници кои се богати со индол-3-карбинолом (I3C). Оваа супстанција се произведува во телото по внесувањето на намирници како што се брокулите, карфиолот, прокељот, зелката и кељот.

Истражувајќи, научниците откриле дека присуството на I3C го спречува воспалението на цревата и развојот на канцер активирајќи протеин кој се вика арил хидрокарбон рецептор (AHR).

Првиот ефект кој го забележале е дека спречува воспаленија во цревата, такашто AHR им испраќа сигнал на имунитетните клетки и епителните клетки. Како последица од тоа доаѓа и помал ризик од развој на канцер на дебелото црево.

Изведувајќи експерименти на лабораториски глувци, утврдиле дека кај глувците кај кои веќе бил равзоен канцер, префрлањето на режим на исхрана кој содржи I3C туморот бил значително намален и побениген.

Резултатите од тој експеримент довеле до заклучок дека консумирањето на одредени намирници има важна улога во превенцијата на некои облици на рак.

Др.Џита Стокингер вели дека на развојот на болеста имаат влијание и други фактори како што е генетиката, но дека здравата исхрана е секако еден од поефикасните начини на превенција.

„Овие откритија се причина за оптимизам. Не можеме да ги смениме генетските фактори кои го зголемуваат ризикот од рак, но можеме да го намалиме ризикот консумирајќи го овој зеленчук“, инсистира др.Стокингер.