Утрово ќе појадувате јајца…сакате да се кладиме? 

Се разбира дека ќе појадуваме јајца...а што ќе правиме друго со толку многу варени јајца? Добро е што јајцата се секако добар избор за појадок, па дури и подобар од житарките

0
149

Ако сакате здраво да се храните, тогаш секако дека треба да го почнете денот со здрав појадок. Но дали сме сигурни кој појадок е здрав?

Тим експерти од Лос Анџелес спровел истражување кое опфатило 20 учесници со прекумерна телесна тежина. Ги поделиле во 2 групи едната група добивала за појадок јајца, а другата житарки. Двата видови намирници содржат протеини и се одличен избор за појадок.

Меѓутоа, научниците откриле дека јајцата се подобар избор затоа што чувството на ситост се задржува подолго отколку што случај со житарките.

Пред почетокот на истражувањето, како и на крајот, научниците им го мереле на учесниците нивото на грелин (хормон кој поттикнува глад) и на лептин (хормон кој поттикнува ситост).

Научниците откриле дека оние кои за појадок јаделе јајца имаат помало ниво на грелин, а поголемо на лептин во подоцните периоди од денот, што значи дека во текот на денот внесувале помала количина на храна, за разлика од групата која за појадок јадела житарки.

Истражувачите истакнуваат дека храната која содржи поквалитетен вид на протеини подолго го одржува чувството на ситост. Според резултатите на истражувањето, јајцата би можеле да се користат како превенција д дебелеење, но и за намалување на тежината.

Едно големо јајце содржи околу 70 калории, 5 г протеини, 5 г масти и 18 мг холестерол. Научниците исо така истакнуваат дека вареното јајце е најздрав облик на приготвено јајце затоа што не содржи дополнителни калории од маслото, а е посигурно од сировото поради термичката обработка.