Вариво од тиква, наут и вргањ

За овој богат оброк може да се користи и сварен наут од конзерва, но ние обично го правиме такашто од вечер ќе натопиме сув наут, а следниот ден ќе го свариме.

0
359

Состојки:

800 г тиква

250 г варен наут

400 г вргањ (со оглед на тоа што е вргањот прилично скап, можете да користите буковка а вргањ ставете само 50 г колку за арома)

Едно чешне лук (нелупено, цело)

½ кромид

Сол, бибер

Вода

Мајчина душица, рузмарин

Малку луто пиперче

Маслиново масло

40 г печени семки од тиква

Пармезан

Приготвување:

  1. Исчистете ја тиквата, исечете ја на коцкички. Натопете го сувиот вргањ и исечкајте ги свежите буковки. Исечете го кромидот на ситно, пиперчето, рузмаринот и мајчината душица.
  2. Ставете се да се пропржи на маслиново масло, додадете го лукчето и динстајте неколку минути на тивок оган. По желба додадете вода, зачинете и динстајте додека тиквата не омекне. Додадете го сварениот наут па се заедно варете уште 10 минути. На крај додадете го вргањот, варете уште пет минути и исклучете ја ринглата.
  3. Декорирајте со семки од тиква и послужете со препечено лепче.