Готвачи од Грција готвеа во „Филип Втори“

0
335

Mастер шеф Василис Моуратис, главен готвач од хотелот „Dunai Ressort“ од Халкидики, Грција и неговиот асистент Софоклис, инаку, познаници и пријатели на доктор Жан Митрев, во текот на изминатиот викенд готвеа со тимот готвачи од кујната „Медпулс“ во болницата „Филип Втори“.

Резултат од оваа работна викенд-дружба беше коктелот од различни канапеи кои излегоа од вредните раце на двата тима предводени од мастер шеф Василис и готвачот Александар Божиновски. Д-р Жан Митрев заедно со тимот од болницата и присутните гости ги вкусија специјалитетите од вештите раце на кулинарите.

6

Шеф Василис кому ова не му е првпат да готви со тимот на „Медпулс“ го истакна  задоволството од умешноста на домашниот тим, особено кога станува збор за приготвувањето на храната за болните и вработените.

3503-master-shef-vasilis-od-grcija-prigotvi-koktel-od-kanape-so-timot-od-kujnata-na-medpuls

„На секоја нова средба, тие се се подобри и подобри“, оцени Василис што со оглед на реномето на овој готвач, е голем комплимент. А дека шеф Василис знае да одбере храна и за својот желудник, е неговата изјава дека му е омилена француската кујна, а омилено јадење најпрепознатливото за оваа кујна – дробот од гуска.