Веге чили

0
254

Состојки:

2 главици кромид

2 лажици масло

2 чешниња лук

250 г лупени домати

2 црвени пиперки

1 зелена пиперка

3 чили пиперчиња

200 г пченка

250 г црвен грав

Китка кориандер

200 г чадено тофу

1/2 лажичка сол

Црн пипер

Приготвување:

  1. Исечкајте ги кромидот и лукот и пропржете ги на масло во големо тенџере.
  2. Исечкајте ги пиперките и додадете ги кај кромидот, а потоа додадете ги и исечканите чили пиперчиња.
  3. Динстајте додека пиперките не омекнат. Иситнете ги лупените домати (или домати од конзерва) и додадете ги. Зачинете и кога ќе проврие додадете ги пченката и гравот (ако се од конзерва, ако не, тогаш ќе треба да ги сварите претходно)
  4. Кога се заедно ќе проврие додадете коцкички тофу и исечкан кориандер. Послужете го врело со свежо пченкарно или црно лепче.