Веге пица со песто

0
372

Состојки:
Тесто за пица

За сосот:
3 чешни лук
1/3 шолја пињоли
4 шолји босилек
Сок од пола лимон
1/3 шолја маслиново масло
Сол, бибер

За филот:
1 лажица пињоли
2-3 шери домати исечени на четвртинки
¼ главица црвен кромид
10 маслинки

Приготвување:

1. Загрејте ја рерната на 200 степени и подмачкајте ја тепсијата. Ставете ги во блендер сите состојки за сосот и направете песто. Премачкајте го тестото со ова песто
2. Врз пестото наредете ги доматите, маслинките и пињолите. Печете ја пицата околу 10-15 минути.