Веројатно знаете дека ѓумбирот е здрав, но дали правилно го употребувате?

0
1428

Секогаш главно се зборува и се пишува за витаминско-минералниот состав на ѓумбирот а притоа не се споменува дека свежиот и сушениот ѓумбир немат исти својства. На пример, често се случува да се пласира текст за тоа дека ѓумбирот лекува настинка или дека го топи целулитот, а не се наведува во кој облик ѓумбирот ги решва овие проблеми.

Недоволно информираните луѓе обично го земаат во форма на зачин, односно, како ѓумбир во прав и почнуваат редовно да го користат. А потоа, после некое време сфаќаат дека тоа не ги дава саканите резултати. Погодуватепричината за неуспехот лежи во тоа што наместо свеж, се користи сув ѓумбир или обратно.

Корен – лек за настинка, болки во зглобовите и мачнина

Свежиот корен од ѓумбир е со топла природа – го загрева површинскиот слој на телото, поткожното ткиво и зглобовите, не делувајќи на крвотокот и на внатрешните органи. Исклучок е желудникотна него делува терапевтски, затоа што минува низ него и останува таму одредено време. Затоа ѓумбировиот корен треба да се зем во случај на настинки, кивавици, течење на нос, вкочанетост, болки во зглобовите и мачнина. Имено, во случај на сите овие симптоми – лекарите на кинеската медицина препорачуваат пиење чај од свежо изрендан или исечкан ѓумбиров корен. Додека во случај на мачнина, освен консумација на чај, традиционално советуваат на папокот или на точката неигуан, која се наоѓа на внатрешната страна на подлактицата, отприлика пет сантиметри над рачниот зглоб, да се стават тркалца од коренот на оваа билка.

Прав стимулатор на ослабените органи, забавеното варење и циркулацијата

Со сув ѓумбир во прав, кој е со врела природа, е втора приказна. Тој продира во длабоки слоеви на телото и внатрешните органи (срце, бубрези, црева…), ги загрева и ги подобрува нивните функции. Со тоа, ја поттикнува циркулацијата на крвта и лимфата. Затоа ѓумбирот во прав треба да се зема во случај на инсуфициенција (ослабена работа) на било кој орган, забавено варење, лоша циркулација, синдром на ладни дланки и стапала и тврдокорен целулит. Според мислењето на кинеските лекари, во сите овие ситуациие корисно да се размати лажичка прав во чаша млака вода и тоа да се испие наеднаш. Но добро е и, пред крајот на термиката обработка, чорбите и варивата да се зачинуваат со мелен ѓумбир. Зошто токму пред крајот? Бидејќи одредени лековити состојкина ѓумбирот се термолабилни, при долготтрајно изложување на високи температури ги губат својствата.

Правилното чување е од голема важност

Колку што е важно да се знае во која ситуација кој облик се употребува, толку е важно да се знае и како треба да се чуваат свежиот и ѓумбирот во прав. За да не овене и да не ја изгуби аромата и лековитите својства, коренот од ѓумбир треба да се завитка во фолија и да се чува на собна температура. Никако не го ставајте во фрижидер, затоа што тоа ја „разладува“ неговата природно топла природа. Од друга страна, ѓумбирот во прав треба да се чува во керамичка тегличка или во онаа од инокс со херметичко капаче, исто така на собна тенпература. Кога е заштитен од светлина и кога се чува на собна температура, правот останува квалитетен долго време.

Фото: Pixabey