Во Кавадарци произведено првото зелено вино во светот

0
999

Професорот Влатко Тасев од Кавадарци деновиве во интервју за www.vinotika.com го промовираше првото вино со зелен боја во светски рамки. Иако пред само два месеци шпанската компанија „Гик“ го промовираше првото сино вино во светот кое стана светска атракција, професорот во ова интервју вели дека во својата винска работилница креирал зелено и сино вино уште пред десетина години, но никогаш претходно не ги промовирал.
Направени од одбрани зрна грозје од најдоброто тиквешко грозје, за разлика од шпанското сино вино, и зеленото и синото вино на професорот Тасев се целосно органски и ги содржат сите вински карактеристики, особено оние кои важат за белите сортни вина.
Потврда за нивниот квалитет се и бројните пофалби кои стигаат од сите оние кои допреле до неколку голтки од виното кое Тасев со задоволство го споделува.