Во секоја куќа, покрај аспирин и витамин Ц, мора да има и …

Ѓумбир! Овој корен содржи низа хранливи материи. Често се консумира како чај, но и како зачин. Ѓумбирот е ефикасен лек за многу состојби и болести, а е особено ефикасен против продуктивна, пушачка кашлица.

0
1206

Една од најпознатите предности на ѓумбирот, особено на чајот од ѓумбир, е намалувањето на мачнината и тегобите. Само една шолја чај може да ги намали мачнините предизвикани од патувањето или утринските мачнини за време на бременоста.

Чајот од ѓумбир помага и при варењето на храната, ја ублажува надуеноста во цревата и гасовите, но го регулира и апетитот.

Чајот содржи и антиоксиданси кои помагаат за подобрување на имунолошкиот систем. Понатаму, чајот од ѓумбир помага и при ублажување на менструалните болки и грчеви, а облогите од чајот можат да ги опуштат и релаксираат стомачните мускули.

Овој чај има и смирувачко дејство и го намалува стресот и напнатоста. Тоа е поради неговите специфични и јаки ароми и лековити својства.

Истражувањата покажале дека секојдневната консумација на чај од ѓумбир може да го зголеми бројот на сперматозоиди и да помогне при еректилна дисфункција.

Освен сето ова, ѓумбирот е најдобар лек за борба против инфекции, спречува непријатен мирис, го забавува растот на канцерогени клетки, го намалува нивото на лошиот холестерол, а го зголемува нивото на добриот, помага при детоксикација.

За да направите чај од ѓумбир, потребни ви се:

6-8 лажици рендан свеж ѓумбир
Малку цимет
Малку свежо исцеден сок од лимон
4 шолји вода

Ако сакате да го заблажите, најдобро е да додадете малку мед. Водата сварете ја до вриење, а потоа додадете го ѓумбирот. Кога ќе се подизлади, пред да почнете да го пиете, додадете му цимет, мед и сок од лимон.

Наместо ова, ако сте настинати или имате вирус, можете да си направите сами и сируп такашто повторно ќе искомбинирате неколку природни состојки.

Ќе ви требаат:

1 лимон
Чешне лук
Лажичка мед
Топла вода

Згмечете го лукот и помешајте го со сокот од лимон. Прелијте со лажичка мед и додадете топла вода за да ја прекриете смесата. Промешајте и испијте го цело. Повторувајте го ова 2-3 пати дневно.

Ѓумбирот е добар и за справување со кашлицата. Доколку страдате од здодевна продуктивна кашлица, а згора на тоа, сте и пушач, ви го препoрачуваме следното природно решение:

Ви требаат: 7-8 парчиња ѓумбир, лажичка црн пипер во зрна, лажица мед и ве шолји вода.

Загрејте ја водата, а штом зоврие, додадете го ѓумбирот, а потоа и црниот пипер, поклопете и остаете да врие една минута. Намалете го огнот и оставете полека да се вари уште пет минути.

Би требало да добиете бистра течност со жолта боја.
Малку изладете, па исцедете и заблажете со лажица мед.

Додека е уште топло, пијте го чајот малку по малку и ќе почувствувате значително олеснување.

За побрзо да се излекувате, пијте го овој чај два до три пати дневно.