Водич за совршено спојување на зачини и храна

Станете мајстор во кујна и погрижете се секој оброк да добие нова димензија со помош на зачините!

0
486

Зачините се задолжителен дел од секоја кујна. Освен што му даваат на јадењето побогат вкус и мирис, истовремено се и здрави и позитивно влијаат на нашиот организам. Но дали знаете кој зачин со кое јадење најдобро оди?

Босилек

Неговото име доаѓа од грчкиот збор basileus што значи крал бидејќи и старите Грци го сметале за крал на зачините.
Одлично оди со пиперки, патлиџани, компири, тиквички и модри патлиџани, но и со сирење, пилешко месо, риба и свинско. Извонреден е во маринадите и преливите за салати.
Можете да го користите заедно со лук во прав, рузмарин, мајчина душица, мајоран и оригано.

Ловоров лист

Горчливиот вкус на ловорот одлучно се сложува со компири, домати и печурки, а се користи и во варива од грав, леќа или пак варива со школки. Извонреден е во супи, варива и рижото. Добро оди заедно со оригано, жалфија, мајчина душица и мајоран.

Каенски пипер

Според некои истражувања, со пола лажичка каенски пипер може да се засили вкусот на јадењето кое го подготвувате, но може и да му помогнете на телото да согори повеќе масти. Користете го во комбинација со зеленчук како модар домат, компир, тиквици, пченка, пиперка и домати. Одлично оди со говедско, пилешко и со риба и особено добро го збогатува вкусот на оризот, преливите за салати, сосовите и маринадите.
Добро оди со ким,пипер во прав и цимет.

Ким

Кимот го продлабочува вкусот на модрите патлиџани, доматите, тиквиците, морковите, пченката и мешунките. Добро оди со пилешко, говедско, свинско, со риба и со тофу сирење, а одличен е во кари сос, ориз, супа, сосови и маринади. Добро оди во комбинација со лук во прав, куркума, ѓумбир, цимет и оригано.

Ѓумбир

Му дава на јадењето ароматичен, по малку пикантен вкус. Состојка е на индиските мешавини од зачини, а во Индија е омилен за подготвување на чај. Користете го во јадења со моркови, цитруси, батат, цвекло и со тиква. Добро се сложува со пилешко, говедско, свинско, риба и тофу сирење. Користете го во комбинација со лук во прав.

Оригано

Многумина не можат да го замислат својот оброк без овој зачин. Одлично оди со домати, пиперки, артичоки, компири и печурки. Користете го кога готвите пилешко, грав, риба, јагнешко и свинско. Одличен додаток е на супи, преливи за салати, сосови врз база на домати, суви и мокри маринади.
Одлично е во комбинација со лук во прав, ловор и мајчина душица.