Време е за пифтија!

0
495

 

Состојки:

1 кг свински нозе

1 кг телешки мускул

1 мала главица кромид

4 чешниња лук

1 ловоров лист

5-6 зрна црн бибер

1 корен целер

1 корен пашканат

2 -3 кругови лимон

по вкус сол

Приготвување:

  1. Месото и свинските нозе измијте ги и ставете ги во тенџере од 5 – 6 литри. Ставете ладна вода да се покрие и ставете го да зоврие. Додека да зоврие цело време вадете ја пената која се создава, така пифтијата ќе ви остане бистра.
  2. Кога веќе нема да има пена, додадете ги сите останати состојки, покријте го тенџерето и на средно тивок оган варете 4 – 5 часа. Готово е кога содржината во тенџерето се намалила за половина, а течноста е леплива. Ако не сте сигурни, 2 – 3 лажици ставете во мал сад и оставете во фрижидер. За кратко треба да желира.
  3. Кога е сварено со лажица со решетка извадете го месото на страна. Извадете го и зеленчукот и процедете ја супата во поширок, но не многу длабок сад. Нека се сталожи, па со лажица соберете ја цела маснотија од површината.
  4. Уште еднаш процедете ја течноста низ истото сито, ама овој пат на ситото ставете и филтер хартија или една погруба хартиена салфетка. Вака пифтијата ќе ви биде кристално бистра. Досолете ако има потреба и по желба додадете згмечено лукче.
  5. Извадете го месото од свинските нозе, мускулот детално исчистете го и исечете го на парчиња па распоредете го месото во еден или повеќе садови и прелејте го со течноста.
    Оставете да се стврдне во фрижидер.