За оние кои сакаат да јадат доцна навечер, еве храна која не дебелее

Сигурно и вам ви се случува навечер толку интензивно да мислите на храна, што не можете да заспиете ако претходно не грицнете барем нешто

0
1248

На сите понекогаш ни се случува да не обземе чувство на глад доцна ноќе, особено ако во текот на денот сме се изгладнувале. Токму поради тоа честопати посегнуваме во фрижидерот непосредно пред спиење.

Но наместо по омилените грицки или по вашето омилено млечно чоколадо со лешници, во овие моменти кога имате напад на глад навечер, направете правилен избор на намирници со кои ќе го намалите ризикот од дебелеење.

Еве што можете да одберете кога не можете да заспиете од глад.

Црно чоколадо

Ова чоколадо ќе ја намали желбата за слатко, ќе ни даде чувство на ситост и ќе ја забрза потрошувачката на калории.

Банана

Сложените јгленохидрати во бананите бавно се разложуваат заради што тие ни овозможуваат долготрајно чувство на ситост. Иако имаат висока калориск вредност, бананите имаат низок процент на масти и прости шеќери.

Варено јајце

Варените јајца се одличен избор на протеини. Протеините во организмот бавно се разложуваат заради што ќе бидете сити подолго време. Оваа ноќна закуска не само што нема да ви донесе килограм вишок, туку и ќе го забрза вашиот метаболизам.

Кефир

Ништо подобро нема да ви го стивне чувството на глад од кефирот. Тој дава чувство на ситост и спречува натамошно прејадување, додека добрите бактерии во кефирот го подобруваат варењето.

Фото: Murilo Folgosi/Pexels