За што сѐ служи црниот пипер?

0
698

Освен што се користи во готвењето и во приготвувањето на најразлични салати и сосови, црниот пипер може да се искористи и на многу други крајно необични начини.

Еве за што сѐ може да послужи црниот пипер.

Црн пипер за чување на бои на шарената облека.

Ако ви здодеало бојата на облеката да ви бледнее со секое перење, во машината за перење пред да ја вклучите ставете лажичка црн пипер. Тоа ќе ги зачува боите.

За ублажување на мокра кашлица.

Доколку ве мачи мокра кашлица сигурно имате многу секрет па ви препорачуваме да направите чај од црн пипер кој во кинеската медицина се користи во тие цели веќе долга низа години. Црниот пипер го поттикнува искашлувањето и го ублажува кашлањето. Ставете една лажичка црн пипер и две лажици мед во една шолја и прелијте ги со зовриена вода и оставете да стои 15 минути, а потоа исцедете и испијте го чајот.

Како помош при одвикнување од пушењето.

Една студија објавена во 2013.година открила дека оние кои сакаат да се откажат од пушењето треба даго  вдишуваат мирисот на црниот пипер затоа што тоа ја намалува желбата за цигари. Ако сакате да ги оставите цигарите набавете масло од црн пипер и кога ќе почувствувате желба да запалите цигара, накапете си масло на парче вата и вдишете.

Помош за затнат нос.

Црниот пипер е природен одзатнувач затоа што содржи хемикалии кои ја иритираат мембраната во носот и ја поттикнува да создава редок секрет. Сето тоа им помага на синусите да се исчистат. Накапете неколку капки масло од црн пипер во зовриена вода и инхалирајте се.

За болни мускули.

Измасирајте ги болните места со масло од црн пипер. Ефектот ќе биде уште подобар ако маслото од црн пипер го измешате со етерично масло од рузмарин или ѓумбир.

За подобро варење.

Верувале или не, вашиот стомак полесно ќе го свари оброкот во кој има нешто повеќе црн пипер од оној кој е поблаго зачинет. Црниот пипер поттикнува производство на хидрохлорична киселина која се наоѓа во стомакот и е задолжена за варење на храната.

Црн пипер за нега на кожата.

Црниот пипер поседува антибактериски и антиоксидантни својства кои промовираат чиста и здрава кожа. Црниот пипер поттикнува подобра циркулација на крвта што делува позитивно на отварање на порите и овозможува подетално чистење на лицето.

Од црн пипер можат да се прават и многу делотворни пилинзи за лице.

За помали рани и гребаници.

Некои луѓе се колнат во делотворноста на црниот пипер кога станува збор за третирање на рани и гребаници токму поради антибактериските својства кои ги поседуваат. Стручњаците пак тврдат дека црниот пипер не би требало да биде „прва помош“ кога станува збор за запирање на крварењето.