Заблажете се со кекси готови за само 15 минути

Испробајте го овој рецепт од наут и путер од кикирики за вкусни кекси кои можете да ги направите навистина многу брзо.

0
308

Наутот не е состојка која ни паѓа на памет кога сакаме да направиме нешто благо, но изненадувачки добро функционира токму во десерти.

Испробајте го овој рецепт од наут и путер од кикирики за вкусни кекси кои можете да ги направите навистина многу брзо кога ќе ви се пријаде нешто благо. Со оглед на тоа што во нив нема брашно, можат во нив да уживаат и оние со целијакија.

Состојки:

Конзерва наут

150 г путер од кикирики

Мед

Прашак за пециво

Ванилин шеќер

Прстофат сол

Парченца чоколадо

Приготвување:

Уфрлете ги сите состојки освен парченцата чоколадо во блендер и измешајте ги додека не се поврзат убаво. Додадете ги парченцата чоколадо и мешајте уште малку.

Формирајте топчиња со влажни раце и наредете ги на претходно подмачкана тепсија и печете ги на 175 степени околу 10 минути.