Зачинето козјо сирење со мед

0
763

Состојки:

1 мала црвена бабура, пресечена на половина
340 гр козјо сирење
2 лажици лут сос самбал оелек или друг по желба
1 лажица врв од млад кромид, сечкан
½ шолја мајонез
½ шолја течна павлака
сол и бибер

Прелив

1 лажичка семе од сенф
1 лажичка семе од морач
1 лажичка ким
1 шолја мед

Приготвување:

1. Испечете ја бабурата, излупете ја и исечкајте ја на парчиња.

2. Измешајте ги останатите состојки со миксер. Зачинете по вкус. Чувајте го во фрижидер до една недела.

3. За преливот: Пржете ги семињата на среден оган додека пуштат арома. Тргнете ја тавата од огнот, додадете го медот и префрлете ја смесата во сад. Одржувајте го преливот топол додека го послужите.

4. За сервирање наросете од преливот со медот, малку целер и крекери.