Запечен карфиол со пармезан

0
289

 Состојки:

1 главица карфиол

2 лажици маслиново масло

Сол, бибер

Малку луто пиперче

70 г пармезан

Магдонос

Приготвување:

  1. Измијте го карфиолот и отстранете ги зелените листови.Раздвојте ги цветовите на помали парчиња и наредете ги во сад за печење.
  2. Додадете маслиново масло, сол, бибер и луто пиперче. Се добро измешајте.
  3. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути, ставете пармезан и потпечете уште неколку минути. Кога ќе го извадите од рерна сервирајте го со исечкан свеж магдонос.