Запечени јајца со домати и босилок

Рерната вклучете ја на 200 Целзиусови степени. Ситно исечкајте го лукот и пропржете го на малку маслиново масло.

0
717

Состојки:

2 јајца
7 чери домати
1 страк млад лук
2 лажици пармезан
свеж босилок
сол, бибер

Приготвување:

Рерната вклучете ја на 200 Целзиусови степени. Ситно исечкајте го лукот и пропржете го на малку маслиново масло. Додадете половина од исечените чери домати, и по вкус сол и бибер. Прелејте со малку вода, додадете го крупно исечканиот босилок и динстајте 2-3 минути. Во намастен керамички или огноотпорен сад префрлете ја содржината од тавата, скршете ги двете јајца и печете 3-4 минути.