Зашеќерени јаболчиња

0
354

Состојки:

10 помали јаболка
500 г шеќер
110 мл вода
1 лажиче оцет
2 лажици мед
црвена прехрамбена боја
10 дрвени стапчиња (оние за ражничи)

Приготвување:

1. Измијте ги убаво јаболката и избришете ги со мека крпа.
2. Извадете ги рачките и на тоа место боцнете по едно дрвено стапче.
3. Потоа, ставете ги водата и шеќерот да зовријат, па додадете ги и останатите состојки и варете околу 10-15 минути.
4. За да проверите дали е смесата готова, капнете малку од неа во ладна вода или директно ставете го лажичето под ладен млаз. Ако веднаш се карамелизира и не е меко, значи дека е готово.
5. Во оваа жешка смеса ставете ги јаболката и убаво нанесете ја од сите страни, а потоа малку протресете за да падне вишокот.
6. Оставете ги врз метален сад (чинија или тава) која претходно малку ќе ја намрсите за да се сушат.
Важно е се да се направи брзо пред да се стврдне смесата, затоа сета постапка не би требало да трае повеќе од 5 минути.