Засолете ја лубеницата за да биде поблага!

Џејми Оливер секогаш советува да додадете малку сол во чоколадните колачи, а посолениот карамел важи за вистинска гастрономска „бомба“.

0
197

Кога ќе купите огромна лубеница за која продавачот ќе ве убеди дека е слатка како мед, едвај чекате да ја донесете дома, да ја разладите под млаз ладна вода, да ја исечете и да ја пробате.

Но често се случува таа да не е толку блага колку што очекувате. Еве што да направите во тој случај: посолете ја!

Звучи необично, но само малечка количина сол може дополнително да го истакне слаткиот вкус на оваа омилена летна намирница.

Во книгата „Еве што пропуштате: Страствена гурманка ви објаснува зошто е храната вкусна“, авторката Барб Стаки објаснува зошто солта оди со лубеница.

„Лубеницата има три елементи на вкус, сладок, кисел и горчлив. Секако, кога ја јадете, не го чувствувате јасно секој од нив, но постојат трикови кои овозможуваат еден вкус да „засилите“, а останатите да ги „намалите“. Кога на лубеницата ѝ се додава сол, таа ја неутрализира горчината и со самото тоа го потенцира слаткиот вкус“, објаснила таа.

Слично е и со многу десерти во кои се додава сол – Џејми Оливер секогаш советува да додадете малку сол во чоколадните колачи, а посолениот карамел важи за вистинска гастрономска „бомба“.

Постои уште една причина заради која ќе ви годи малку да ја посолите лубеницата.

„Кога е многу жешко, посакуваме солени вкусови затоа што се обидуваме да ја надокнадиме солта изгубена преку потењето. Телото нема начин да складира натриум, такашто мајката природа „вовела“ нагон да изедеме нешто солено што ни овозможува рамнотежа кога станува збор за електролитите на натриумот“, објаснила таа.