Здрав колач без брашно и јајца

Во овој колач нема ниту брашно, ниту јајца, само јаболки и круши, овесни снегулки, суво грозје и брусници и само малку мед или шеќер, кој како сака.

0
240

Состојки:

300 г мелени овесни снегулки

200 мл млеко

2-3 лажици стопен путер или кокосово масло и уште путер за да ставите помеѓу овошјето

по желба суво грозје, суви брусници

2 лажици мед или 50 г кафеав шеќер

5-6 јаболки и круши (заедно или по ваш избор, едното или другото овошје)

1 ванилин шеќер и по желба 1 лажичка екстракт од ванила

Цимет (по желба)

Приготвување:

Излупете го овошјето и исечкајте го на потенки кришки и ставете ги на дното од тепсијата во која претходно ќе ставите хартија за печење.

Другите состојки измешајте ги со рачна маталка и истурете ја смесата врз овошјето и ставете да се пече на 180 степени околу 20-30 минути, зависно од тоа дали сакате да биде попечено.

Инаку, не може да е недопечено затоа што сите состојки во колачот можат да се јадат и без термичка обработка.

Кога ќе се олади, превртете го колачот и послужете.