Здрав појадок

Интегрални мафини и јогурт со семки, брзо и едноставно, но и вкусно и здраво.

0
601

Состојки:

Интегрални мафини

80 г интегрално брашно

40 г кокос

70 г бадемово брашно

2 поголеми зрели банани

2 јајца

60 г кафеав шеќер

125 мл кокосово масло

1 и ½ лажичка прашак за пециво

½ лажичка сол

½ лажичка цимет

Кора од лимон

Сок од ½ лимон

Јогурт со семки:

3 лажици овес

1 лажичка чиа семки

1 банана

3     дл јогурт

1     лажичка мед

½ лажичка цимет

Кора од лимон и сок од лимон по желба

Приготвување:

Интегрални мафини

Помешајте ги сите суви состојки. Згмечете ги бананите и попрскајте ги со сок од лимон.

Изматете ги јајцата и шеќерот па додадете го растопеното кокосово масло и сите суви состојки. На крајот додадете ја бананата и ставете ја смесата во модли или во хартиени чашки.

Печете 20 минути на 180C.

Јогурт со семки:

Помешајте ги во тегла сите состојки и оставете да стојат барем 20 минути или преку ноќ. Пред послужување помешајте банана или некое зрнесто овошје.