Здрав протеински чипс од црвена леќа (ВИДЕО)

Овој здрав домашен чипс е погоден за вегани, за оние кои се на диета без глутен, без житарици, без јатки и без масло.

0
413

Овој здрав печен чипс од леќа е богат со протеини и без глутен, јатки, семиња и зрна. Не е потребно пржење или масло, бидејќи се пече во рерна и е одличен алтернативен начин за готвење на леќа кој не вклучува вриење.

Ако сакате да додадете повеќе протеини и хранливи состојки, тогаш додадете 1-2 супени лажици чиа или семе од лен во смесата.

Состојки:

1 чаша / 140 гр. црвена леќа

4 суп.лажици доматно пире

1 парче кромид

2 чешниња лук

1 лажичка црвен пипер

½ лажичка куркума

2 лажици јаболков оцет

1 лажица јаболков сируп

Прстофат сол и црн пипер

¾ чаша / 180ml вода

1 суп.лажица сушен босилек

Приготвување:

Потопете ја леќата во солена вода барем еден час, а најдобро е преку ноќ.

Исцедете ја и исплакнете ја леќата, а потоа ставете ја во блендер заедно со сите други состојки освен босилекот.

Се меша, а потоа се додава и босилек.

Ставете хартија за печење во тепсијата и истурете ја смесата.

Печете на 190 степени 30 минути.

Извадете од рерната и оставете да стои 10 мин.

Излупете ја мрсната хартија и исечете ги чипсовите во долги ленти, а потоа во триаголници. Поставете ги лепливите чипсови директно на решетката за печење во рерната и потоа печете уште 5-15 мин на 170 степени, додека не се исушат.

Извадете ги чипсовите од рерната кога рабовите ќе бидат златни.

Уживајте во чипсот веднаш или оставете го во кутија со капак до 3 дена.

Совет плус:

На второто печење треба да бидете внимателни затоа што лесно може да загори на краевите.

Рецептот и фотографиите се од ТУКА.