Здрави бомбици без шеќер

За овој рецепт не барајте точни дози за состојките, туку ставајте се отприлика. Ќе знаете колку треба и самите кога ќе можете да ги обликувате

0
383

Во зависност од тоа колку сакате да добиете, ставајте ги и состојките. Ако сакате повеќе, зголемете ја дозата на кексите или овесните снегулки.

Не мора да имате баш се што пишува во состојките, туку употребете го тоа што го имате. Важно е да не ставате воопшто шеќер, туку суво овошје и малку мед.

Состојки:

200 г мелени кекси

200 мелени овесни снегулки

сечкани урми

сечкани суви смокви

суво грозје

200 г кокосово брашно

100 г растопен путер

100 г растопено кокосово масло

2 лажици какао

малку рум

100 мл млеко

И уште малку кокос и какао за валкање

лешници

вишни од вишновка

Приготвување:

Прелијте го сувото овошје со малку рум да го впие.

Смелете ги снегулките и кексите и измешајте ги заедно со растопениот путер и кокосово масло, па додадете ги сите останати состојки.

Ако е премногу суво, додадете уште малку кокосово масло или млеко.

Обликувајте ги и во средината ставете лешник или вишна. Извалкајте ги во кокосово брашно или во какао.