Здрави грицки

Ако веќе не можете без грицкање помеѓу оброци, а не сакате тоа да бидат нездрави грицки, еве еден одличен и здрав и вкусен предлог

0
457

Состојки:

¾ шолја семки од тиква
½ шолја овесни снегулки
По ¼ шолја лен, сусам, сончоглед
1 и ½ шолја брашно (ржано, интегрално и пченкарно)
1 и ½ лажичка сол
1 прашак за пециво
1/4 шолја маслиново масло
1 и ½ шолја вода
Ким и мак по желба

Приготвување:

Сите состојки се мешаат, смесата што ќе се добие се развлекува во кора со дебелина околу 1 цм и се пече на 190 степени околу 15 минути.