Здрави крекери со семки

Посни и здрави крекери со семки од тиква, сончоглед, лен и сусам, овесни снегулки и маслиново масло

0
505

Состојки:

Суви состојки:

¾ шолја семки од тиква

¾ овесни снегулки

½ шолја ленено семе

½ шолја сусам

½ шолја сончоглед

Една ипол шолја брашно (интегрално или пола интегрално, пола р’жано)

1 лажичка прашок за пециво

Една ипол лажичка сол

Влажни состојки:

¼ шолја маслиново масло

1 до 1 1/2 шолја вода

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 190°C и подгответе две тепсии

Во поголема чинија измешајте ги сите видови семиња, брашното, прашокот за пециво и солта

Додадете масло и шолја вода и со раце спојте ги сите состојки и додадете толку вода колку што е потребно за да се добие тесто кое нема да се лепи за прстите и за чинијата. Раздвојте го тестото на два дела, па едната половина ставете ја во фрижидер додека не завршите со првата тура крекери.

Ставете го тестото помеѓу два листа хартија за печење и со оклагија расукајте го и истенчете го добро. Исечете го тестото на плочки или на ленти или пак искршете го откако ќе се испече. Ставете го на тепсија обложена со хартија за печење и печете околу 15 минути.

Кога крекерите ќе се оладат чувајте ги во метална кутија и јадете ги со некое макало по ваш избор.

Ние ги испробавме со туна салата со лимон и малку мајонез.

За мерка користете чаша од 2,5 дцл.