Здрави тортилји од тиквички

Наместо тортилји од пченкарно или од мешано брашно, кои немаат некоја хранлива вредност, што мислите за тортилји од тиквички? Еве како да ги направите...

0
359

Состојки:

4 шолји рендани тиквички

1 јајце

¼ шолја презли

1/2 шолја рендан пармезан

½ лажичка свежо мелен бибер

¼ лажичка морска сол

¼ лажичка лук во прав

¼ лажичка мелен ким

Приготвување:

  1. Изрендајте ги тиквичките за да добиете количина за 4 шолји. Исцедете ја водата што ќе ја пуштат и додадете им ги јајцето, презлите и пармезанот.
  2. Зачинете и се добро измешајте. Потоа вадете по ¼ шолја од оваа мешавина и ставете врз хартија за печење обликувајќи ја во тенки лепињи со пречник од околу 10 цм.
  3. Печете ги во рерна на 220 степени околу 25 минути додека не добијат златна-браон боја.
  4. Кога ќе се оладат нежно одвоите ги од хартијата и можете да ги послужите со фил по ваш избор.