Зелен чај, мирис на лаванда, бадемчиња и лешници

Ако сте вознемирени, наместо по диазепам, посегнете по нешто друго што ќе ви помогне да се релаксирате. И не, не, не мислевме на алкохол, туку токму на овие неколку природни начини кои можат да ви помогнат да се изборите со стресот

0
154

Земањето на средства за смирување во континуитет, кога сте подолг период вознемирени или под стрес, не е решение. Еве што може да ви помогне:

Зелен чај

Аминокиселината лтеанин која се наоѓа во зелениот, црниот и белиот чај ја ублажува анксиозноста и стресот и може да ви помогне да заспиете. Л-теанинот ги зголемува алфа-брановите во мозокот, кои влијаат на опуштањето.

Мирис на лаванда

Дли некогаш ви се случило да не можете да заспиете, иако сте уморни, затоа што „ги превртувате“ низ глава сите оние настани и разговори кои ве вознемириле? Мирисот на лаванда ќе ви помогне да се релаксирате, а ако тоа не е довочно силно, можете и да се напиете чај од оваа лековита билка. Делува смирувачки, а може да ги ублажи и симптомите на депресија.

Јаткасти плодови

Овие плодови се богати со магнезиум, кој значително го снижува нивото на кортизол, хормон кој се лачи кога сме под стрес.

Овој скапоцен минерал е важен за многу хемиски процеси кои се одвиваат во организмот, неопходен е за релаксација на мускулите, но и за претворање на храната која ја внесуваме во енергија.

Кога сме под стрес, на организмот му треба повеќе магнезиум. Суплементите не се лош избор, но секогаш е подобро сите неопходни нутриенти да ги внесувате со правилен избор на намирници.

Витамини Б

Овие витамини имаат важна улога во ослободувањето од стресот и се неопходни за здрав нервен систем. Можете да земате суплементи кои содржат комплекс витамини Б, но подобро е да го засилите внесувањето на намирници кои содржат витамини од оваа група. Со витамин Б се богати интегралните житарки, спанаќот, киноа, јаткасти плодови, како и јајца и лосос.

Кога сме под стрес, на телото му требаат повеќе витамини Б комплекс отколку што е случај под нормални околности, такашто не би било лошо секогаш да имате при рака нешто од намирниците кои ги содржат.

Фото: Pixabey