Зелен грашок за здрави коски и срце, но и против рак и замор

Освен што е многу здрав, во замрзната состојба тој е достапен во текот на целата година и е многу ефтина и брза варијанта за ручек

0
371

За популаризацијата на грашокот е заслужен францускиот кра Луј 14, кој го прогласил грашокот за составен дел од менијата на забавите кои се одржувале на францускиот двор.

Потекнува од централна Азија и Европа, а е составен дел од исхраната веќе илјадници години.

Нутритивна вредност

Иако може да се консумира и сиров, дури 95 отсто од грашокот на пазарот доаѓа во процесиран облик, најчесто замрзнат или конзервиран. Богат е со нутриенти и извонреден извор е на дури 8 витамини, 6 минерали, прехранбени влакна и протеини.

Влијание на здравјето

Здравје на коските

Зелениот грашок ги обезбедува нутриентите кои се многу важни за здравјето на коските. Извонреден извор е на витамин К, кој го активира остеокалцинот, протеин кој овозможува вградување на калциум во коските. Затоа, без доволно витамин К, процесот на минерализација во коските не може да се одвива како што треба.

Зелениот грашок е исто така и добар избор на витамин Б и фолна киселина, витамини кои влијаат на намалување на нивото на хомоцистеинот, молекула која може да го поремети поврзувањето на колагенот во коските, и така да ја зголеми порозноста на коските и ризикот за остеопороза.

Кардиоваскуларно здравје

Витаминот Б6, фолната киселина и витаминот К, чиј добар извор е грашокот, учествуваат во одржувањето на здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Еднакво како што високото ниво на хомостеицинот влијае на здравјето на коските, високото ниво на хомостеицин може да влијае и на развој на атеросклероза, а со самото тоа и на здравјето на целиот кардиоваскуларен систем. Витаминот Б6 и фолната киселина го регулираат нивото на хомостеицин.

Витаминот К е важен за процесот на згрутчување на крвта.

Против замор

Грашокот е намирница за која секако би требало да размислите ако страдате од замор.

Причина за тоа е богатството на нутриенти кои учествуваат и овозможуваат производство на енергија. Имено, добар извор е на витамин Б1, пантотенска киселина и витамин Б6, како и добар извор на рибофлавин и ниацин, нутриенти неопходни за метаболизмот на јагленохидратите, протеините и мастите. Пантотенската киселина игра важна улога во регулацијата на стресот зашто ја поттикнува работата на надбубрежната жлезда, што е особено важно во периодот на стрес.

Зелениот грашок е добар извор на железо, минерал чиј недостатокчесто резултира со анемија, замор и намален имунитет.

Против малигни болести

Грашокот обезбедува бројни нутриенти, вклучувајќи го витаминот Ц, кои се многу важни за одвивање на процесите со кои организмот се брани од оштетувањата на DNA (оштетувања кои се сметаат за претходник на развојот на малигните болести).

Со бројни студии е покажано дека витаминот Ц може да го намали ризикот од развој на различни видови рак. Тој претставува прва линија на одбрана на организмот и нуди важна антиоксидативна заштита.

Во кујната

Грашокот е честа намирница во кујната и неизбежен дел од многу рецепти, а особено е омилен во облик на прилогот кој се прави во комбинација со ориз, а е познат како ризи-бизи.

Освен на вообичаениот начин, во вид на вариво, но и со тестенини или густи кремави супи, од него можеме да направиме и вкусни и здрави грицки. Додадете му на грашкот неколку прстофати од вашите омилени зачини и неколку капки маслиново масло и ставете го во загреана рерна на 30-тина минути и ќе добиете извонредни грицки.

Фото: Pixabey