Зеленчукот може да биде поопасен од месото

Според едно десетгодишно американско истражување, „здравите“ намирници вклучително овошјето и зеленчукот, биле одговорни во 46% од случаите на болести, а црвеното и живинското месо во 22%.

0
410

Наспроти онаа позната изрека дека едно јаболко на ден ќе ве спаси од одење на лекар, епидемијата на ешерихија коли која пред неколку години во Германија и во неколку други земји уби повеќе од десетици луѓе и неоправдано уништи голем број производители на краставици, домати и зелена салата на кои падна сомнежот.
На крајот причината беше најдена во свежите никулци на соја кои се полевале со валкана вода па не е чудно што се повеќе денешни анализи го ставаат овошјето и зеленчукот на прво место на скалата д опасни намирници по кои следуваат рибата, јаткастите плодови и семките. Дека во тоа има вистина покажало и 10-годишното истражување на болестите и хоспитализациите предизвикани од различни видови на храна кое го спровел американскиот Центар за контрола и превенција на болестите. „Здравите“ намирници вклучително овошјето и зеленчукот, биле, тврдат, одговорни во 46% од случаите на болести, а црвеното и живинското месо во 22%. Дури и ако е органски и домашен, лиснатиот зеленчук е потенцијално најопасен затоа што го јадеме главно свеж и недоволно добро измиен.
Сето ова овошје и зеленчук што ги јадеме задолжително мора добро да се измијат со што се спречуваат најмалку 98% потенцијални проблеми. Дури и кога ќе ви кажат дека е нешто органско и непрскано и дека веднаш може да се јаде, сепак измијте ги добро. Можеби по тлото оделе животни и инсекти и оставале измет, а може да биде опасно и природното жубриво ако не е зрело пред да се стави затоа што е тогаш преполно со патогени микроорганизми. Кај месото е пак најважна добрата термичка обработка. Месото од здраво, свежо заклано животно е стерилно и обично дополнително се загадува поради неправилното ракување на луѓето, валканиот прибор и површини и слично.
Најопасно е месото кое е исечено на помали парчиња, меленото, пакуваното младо месо како што е пилешкото месо кое е полно со вода во која бактериите лесно се множат. Но за разлика од овошјето и зеленчукот, кај месото често е полесно да се воочат промените, расипаноста и непријатниот мирис, а ако немало миризба и веќе се развиле бактерии, со добра термичка обработка опасноста ќе се сведе на минимум.
Голема група од ентеробактерии со фекално потекло, салмонела и Ешерихија коли кои се многу често патогени, можат да дојдат од цревата на животните.