Зеленчукот од семејството алиум го намалува ризикот од рак на дебело црево

Со редовна консумација на лук и кромид до здравје на дебелото црево, докажува едно ново истражување

0
185

Со неодамнешното истражување, консумацијата на зеленчук од семејството Allium, како што се лукот, празот и кромидот, се поврзани со намалвање на ризикот од карцином на дебелото црево кај мажите и кај жените.

Во истражувањето 833 пациенти заболени од карцином на дебело црево биле споредувани со податоците на еднаков број контролни испитаници на иста возраст, од ист пол и престојувалиште. Демографските податоци и податоците за исхрана биле собрани со помош на интервјуа и прашалници за зачестеноста на консумирање храна.

Утврдено е дека веројатноста од појава на карцином на дебело црево е 79 отсто помала кај лицата кои консумираат поголема количина зеленчук од семејството Алиум во однос на лицата кои консумирале помала количина од истиот зеленчук. отколку Научниците заклучуваат дека зачестената консумација зеленчук од семејството Алиум го штити телото од болести и дека ова истражување отвара нова врата за превенцијата на карцином на дебело црево по пат на промени на животните навики. Меѓутоа, потребни се дополнителни и подетални истражувања кои ќе ги потврдат и подобро ќе ги објаснат механизмите на дејствување на овој зеленчук врз организмот.

Фото: Pixabey