Златен совет: Како вашето тесто да биде совршено

Еве неколку трикови кои ќе ви помогнат тестото секогаш да ви биде како од најдобриот ресторан или како на фотографиите од вашиот омилен готвач:

0
871
1. Пред да почнете да го правите тестото, извадете ги путерот и јајцата од фрижидер и оставете ги извесно време на собна температура.2. Не претерувајте со количината на прашак за пециво или квасец, затоа што постои можност тестото премногу да нарасне и да се распука.

3. Сите теста што содржат прашак за пециво и(или) квасец ставајте ги во загреана рерна. При спојувањето на влажните и на сувите состојки доаѓа до хемиска реакција и тестото веднаш почнува да расте. Почекајте 10 до 15 минути од моментот кога рерната ќе ја достигне саканата температура и тогаш ставете го тестото во неа.

Совет плус:
Во секое тесто ставете една лажица јаболков оцет. Здраво е и подобро расте, а на тестото му дава подобар вкус.