Знаете ли кое е најдобро време за пиење пиво?

0
868

Умерената количина алкохолни пијалоци со низок процент на алкохол е најдобро да се консумираат со јадење, во опуштена атмосфера и во друштво. Пивото од секогаш добро се спарувало со храната, а се консумирало дури и како аперитив затоа што „го подготвува“ системот за варење со поттикнување на лачењето на ензими за храната што се консумира.

Комбинирањето на пиво и храна денеска е важен дел од гастрономијата и на некој начин може да се смета за уметност во која се разгледуваат боите, вкусовите, температурата на консумирање, количината на алкохол и аромата, а секако и пригодата во која се пијат одредени пива.
Од витамини во пивата се најазастапени витамините од групата Б, а од минералите, калиум, магнезиум, калциум и силициум. Сепак, главна состојка на пивото е водата во која се наоѓаат стопени споменатите нутриенти, но и растителни хемикалии како фенолните соединенија со поволно влијание врз здравјето.
Пивото може да се спари со речиси сите видови на храна, со предјадења и мали залачиња, месни јадења, риба, разновидни сирења, нагорчливи и особено, чоколадни десерти. Генерално, пивото добро се сложува со закиселен зеленчук како зелка, краставици и пиперки, со печено месо, лути мексикански јадења, скара и сите со арома на чад.
Чорчлив зеленчук и чоколадо
Горчливите јадења како рукола, радич или мувлосани сирења, добро одат со вкусот на пивото. Сепак, не треба да се заборави дека и спротивноста на вкусовите дава магија, па слатките јадења, десертите со горчлива нота како чоколадните деликатеси, добро се сложуваат со црното пиво чијшто вкус потсетува на црно чоколадо.
Рибата и месото од пердувестите животни добро одат со т.н. лагер пива кои го засилуваат вкусот на таа лесна протеинска храна и даваат чувство на свежина. Со морски плодови, школки и ракови како и со конзервирана и чадена риба добро се сложува темно пиво со посилен вкус.
Постојат уште причини зошто е добро да се пие пиво со оброкот, а не на празен стомак. Имено, ако се пие на празен желудник, побрзо се апсорбира и тогаш се постигнува повисока концентрација на алкохол во крвта во однос на ситуацијата кога се зема за време на оброкот. Затоа се препорачува да се пие со јадење или непосредно после јадење за да се постигне пониска концентрација на алкохол во крвта.
Пивото се смета и за „течна храна“ затоа што со своите состојки и нутритивната вредност може да придонесе за задоволување на дневните потреби за одредени хранливи материи.
Под умерена консумација се подразбираат 3 дцл пиво дневно за жени и 6 дцл пиво за мажи. Ваквата консумација ги превенира кардиоваскуларните болести и дијабетесот тип 2, го спречува слабеењето на когнитивните способности и има позитивно влијание врз намалувањето на нивото на стрес и подобра социјализација.
Пивото не се препорачува за деца, трудници, адолесценти, личности изложени на ризик од алкохолизам, болни со кардиомиопатии, кардијалнимаритмии, депресија и болести на црниот дроб и панкреасот.