Знаете ли кое овошје има најмалку шеќер?

Овошјето е еден од најдобрите природни извори на шеќер, но не содржат сите иста количина па доколку сте на диета, еве кои плодови е најдобро да ги јадете

0
968

Природниот шеќер (како фруктозата) е секако подобар од оној вештачкиот, но ако внимавате на внесувањето на шеќер од здравствени причини или пак ги броите калориите затоа што сте на диета, лесно би можеле потполно да го исфрлите овошјето од својата исхрана.

Намето тоа, ограничете се на следните 5 овошни намирници кои се богати со нутриенти, а имаат многу мал процент на шеќер и сосема малку калории.

Авокадо

Авокадото веројатно не е помеѓу првите намирници кои ќе ви паднат на ум кога некој ќе спомне овошје, но цело авокадо содржи само 1 грам шеќер. Освен тоа, содржи огромни количини здрави масти со чија помош ќе останете долго сити.

Брусници

Една шолја свежи брусници содржи само 4 грама шеќер.

Малини

Една шолја од омилените состојки на секое смути содржи само 5 грама шеќер. Ккао бонус ќе добиете многу влакна, па лесно ќе ве заситат.

Капини

Една шолја капини содржат само 7 грама шеќер, а ќе ја задоволат вашата желба за десерт.

Јагоди

Една шолја свежи јагоди содржи околу 7 грама шеќер и дури 85 мг витамин Ц. Тоа е повеќе од препорачаната дневна количина.