Знаете ли кои јаткасти плодови содржат најмногу протеини?

Знаете ли што имаат заедничко  вашата кожа, коса, коски, мускули и речиси секој дел од вашето тело? Протеини

0
593

Овој мал, но моќен синџир аминокиселини е неопходен за да бидеме здрави и да се чувствуваме добро. Во нашето тело има повеќе од 10 илјади видови протеини, а неправилната исхрана (без довочно протеини) може да доведе до здравствени проблеми како што се слабост во мускулите и пад на имунитетот.

На среќа, протеините можеме да ги најдеме во бројни намирници како што се овошјето, зеленчукот, месото, рибата, јајцата…Но еден од најприродните и најздрави извори на протеини се јаткастите плодови. Во продолжение ги наредивме според количината на протеини кои ги содржат, па имајте ги на ум.

Кикирики

Ако сте љубител на кикирики, ви честитаме! Една порција кикирики содржи дури 7 грама протеини, што ја прави оваа популарна намирница воедно и најбогат извор на протеини од сите јаткасти плодови.

Бадеми

Бадемите не содржат многу калории, но се извонреден извор на калциум. Исто така, порција бадеми содржизавидни 6 грама протеини, а богати се и со омега-3 масни киселини.

Ф’стаци

Можеби немаат најголема количина протеини (една порција содржи околу 6 г протеини), но и ф’стаците содржат многу малку калории. Исто така, ф’стаците се бигат извор на влакна па затоа грицкањето на овие плодови ќе ве засити и ќе го избалансира вашиот систем за варење.

Индиски ореви

Една порција индиски оревчиња, освен што содржат приближно 5 грама протеини, ќе задоволат дури 98% од вашите дневни потреби за бакар.

Овој минерал заслужен за изградба на црвените крвни клетки, што е исклучително важно за во текот на целиот ден да имаме доволно .

Ореви

Оревите се одлични за здравјето на вашето срце. Истражувањата покажале дека оревите го намалуваат холестеролот како и ризикот од срцеви заболувања. Исто така, тие се и солиден извор на протеини, со оглед на тоа што една порција содржи околу 3 грама.

Лешници

Лешниците можеби не ни даваат многу протеини (само 2 грама по порција), но затоа се богати со магнезиум, калциум, како и витамини Б и Е.

Фото: Pixabey