Знаете ли што е фриганство?  

0
241

Денеска се соочуваме со многу нови термини кога станува збор за правците во исхраната, веганство и вегетаријанство, палео исхрана, хроно исхрана, исхрана со сурова храна, фриганство…

Токму ова последново ни отворa некои сомнежи поради кои повеќе не сме сигурни дека сите оние кои досега ги гледавме како копаат по контејнери во потрага по храна, се сиромашни. Имено, некои од нив се можеби приврзаници на фриганството.

Изразот фриганство потекнува од англискиот freeganism што значи правец во исхраната кој заговара „бесплатна храна“. Според дефиницијата, фриганците веруваат дека модерното друштво е во социјална криза поради културата на конзумеризам (потрошувачкиот менталитет на луѓето) и дека со својот животен стил не сакаат на ниту еден начин да ја поддржуваат потрошувачката култура. Затоа фриганците јадат исклучиво храна која е достапна бесплатно (остатоци од храна кои се фрлаат). Многу фригани се хранат од контејнерите кадешто ја пронаоѓаат храната што е фрлена заради тоа што и е истечен рокот на траење, зеленчук и овошје кои се се уште јадливи, остатоци од фрлен леб…

Некои фриганци ги земаат остатоците од храна од рестораните, додека некои, сепак купуваат храна во супермаркетите, но од онаа со понизок квалитет. Некои фриганци собираат и од плодовите кои паѓаат на земја. Честпо овие луѓе се соочуваат со проблем кога станува збор за прифаќањето на нивните навики од страна на останатите членови на општеството, а во некои земји се и притворани поради буричкањето по контејнери.